Откако му беше одземен судискиот имунитет, апелациониот судија Ѓоко Ристов (53) оди во домашен притвор. Покрај домашниот притвор, на Ристов му е одземен и пасошот, како дополнителна мерка за обезбедување присуство што исто така ја бараше ОЈО ГОКК.
Исто така, покрај одземањето на имунитетот и одобрението да му биде одреден куќен притвор, Судскиот совет донесе и одлука Ристов времено да биде оддалечен од вршењето на судиската функција, до правосилното завршување на кривичната постапка.
Ристов се товари за две кривични дела, и тоа Перење пари и други приноси од член 273 став1 и противправно стекнување и прикривање имот од член 359 – а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Деск

