Михаил Јованов, син на сопственикот на Пулс, таканареченото кабаре во Кочани каде загинаа 63 младинци и деца, а над 200 беа повредени, барал 1,4 милиони денари оштета и ги тужел младите лица кои ден по пожарот го искршија инвентарот во кафулето Класик.
Тужбата ја поднел три месеци по настанот, односно на 18-ти јуни, против осум лица, и плус против непознати лица, за кривични дела „Оштетување туѓи предмети “ од чл. 243 став 1 в.в со чл. 22 од КЗ и кривично дело„ Нарушување на неповредливоста на домот“ од чл. 145 став 1 в.в со чл. 22 од КЗ.
На 30-ти март во Основниот суд во Кочани ќе се одржело рочиште за помирување по неговата приватна кривична тужба.
Дел од роднините на жртвите во пожарот на социјалните мрежи реагираат поради овој чекор на Михаил, во неверување што тој и неговата фамилија побарале казна за гневот на народот кон нив по трагедијата, но исто така прашуваат и дали кафулето Класик работело регуларно, според закон, или пак било импровизација како Пулс.
Деск
СИНОТ НА ДЕКО ЈОВАНОВ БАРА 1,4 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОШТЕТА ОД ЛИЦАТА КОИ МУ ГО ИСКРШИЛЕ ИНВЕНТАРОТ ВО КАФУЛЕТО ПО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
1 Min Read
Previous ArticleОДЗЕМЕН ПАСОШ И ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗА СУДИЈАТА РИСТОВ

