Македонија утринава се разбуди под снежна покривка. Поради врнежи од снег е издадена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе планински превои низ земјата, како Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга до граничниот премин „Ќафасан“, соопшти Авто-мото сојузот (АМСМ).
На одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони и од „Македонија пат“ и АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата.
Од утре до сабота, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде стабилно со пораст на температурите.
Деск

