На Советот и на Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија во проширен состав на кој учествуваа огромен број на синдикални активисти едногласно беше донесена Одлука дека на 28 јануари, среда со почеток во 17 часот излегуваме на улица, соопштија од ССМ.
– Време е да се избориме за достоинствени плати заедно со работниците и за таа цел ги повикуваме сите работници на кои не им биле зголемени платите, ги повикуваме сите работници кои се чудат како да го врзат крајот со крајот на овој месец, ги повикуваме сите работници кои ги лажеле нивните газди и менаџери, директори,функционери,премиери,министри итн… дека ќе им ги зголемат платите, а не им го сториле тоа да ни се приклучат, повикаа од Сојузот на синдикатите, и ја побараа поддршката од сите работници.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов изјави:
“Во среда излегуваме на улица да го изразиме работничкото незадоволство, а потоа продолжуваме со таргетирани блокади на одредени институции, на одредени локации за да се почувствуваат и тие како и ние, не блокираат цела година ќе ги блокираме и ние нив, а потоа продолжуваме со генерален штрајк во целиот јавен и приватен сектор и во Македонија како што најчесто милуваат да ни кажат, синдикатите ќе ги повикаат сите работници да им се придружат на 24-часовен генерален штрајк, секој ќе биде заштитен од отказ, секој ќе има можност тој ден да не работи, секој ќе има можност тој ден да биде на улица, секој сам ќе бира дали ќе протестира.”
Тој истакна дека 200.000 работници работат, а се сиромашни и примаат плата под 30.000 денари, и дека е време платите да бидат зголемени.
-Уште еднаш да ја искористиме приликата која медиумите ни ја даваат да побараме поддршка и работниците сами да се повикаат на протестот, да побараме работниците да дојдат на протестот затоа што само на таков начин ќе им укажеме и на газдите меѓутоа и на избраните и на именуваните дека не се живее добро во македонија затоа што имаме најниска минимална плата, затоа што имаме најниска просечна плата, затоа што 200.000 работници работат, а се сиромашни и примаат плата под 30.000 денари затоа што платите на колешките и колегите во регионот онаму каде што владите водат грижа, ги зголемуваат и се зголемени од почетокот на оваа година од месец јануари.
Време е повеќе никој да не го молиме за зголемување на нашите плати, нашите плати сме ги изработиле, ги заслужуваме и сметаме дека е потребно да бидат зголемени, порача Трендафилов.
Деск
200.000 РАБОТНИЦИ РАБОТАТ, А СЕ СИРОМАШНИ СО ПЛАТА ПОД 30.000 ДЕНАРИ: ССМ ЗАПОЧНУВА СО ПРОТЕСТИ И ГИ ПОВИКА СИТЕ РАБОТНИЦИ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ
2 Mins Read

