Откако обвинителството пред медиумите соопшти дека за пронајдените 350.000 евра, заѕидани во ѕид во куќата на родителите на апелациониот судија Ѓоко Ристов, тие кажале дека им се стекнати од земјоделство, односно од лозарство, се огласи и одбраната на Ристов.
Неговиот адвокат Звонко Давидовиќ, во изјава за „Слободен печат“ тврди дека Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја извртува тезата, а пронајдените пари не биле од лозарство, туку родителите на Ристов пред извесен период продале имот и право на градба и поставување на фотоволтаици.
-Договорот е нотарски заверен, а парите во износ од преку 400.000 евра се уплатени на сметка на мајката на осомничениот. Постојат и други извори на приходи на таткото и мајката на осомничениот кои ќе бидат детално образложени во вештиот наод и мислење, кажа Давидовиќ за Слободен печат.
Според него, Обвинителството не понудило доказ дека парите се на судијата.
Деск
НА СМЕТКАТА НА МАЈКАТА НА СУДИЈАТА РИСТОВ БИЛЕ УПЛАТЕНИ НАД 400.000 ЕВРА ОД ПРОДАЖБА НА ИМОТ ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ, ТВРДИ АДВОКАТОТ ДАВИДОВИЌ
1 Min Read

