Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес одржа прес конференција на која порача дека нема да се повлече од лидерската функција, а членовите на СДСМ кои тоа го барале, кажа дека биле или уценети, или купени.
Тој вели дека пратеничката група на СДСМ била синхронизирана, компактна и дека имала многу чести средби и координации, како и дека партијата останувала целосно обединета.
Исто така, изјави дека врз него и врз СДСМ се водел медиумски линч, со илјада токсични наслови и дека уште денес ќе се обрателе до Европската Унија, до нејзините институции, како и до сите меѓународни организации за заштита на слободата на говор и слобода на медиумите.
Во објава на својата официјална страница пак, Социјалдемократскиот сојуз тврди дека ВМРО ги координира за напад врз партијата поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов и екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој во 2021 година беше и кандидат за претседател на СДСМ.
Како што објавија од партијата, координацијата на сите им била јасна, бидејќи за истите теми за кои ВМРО ја напаѓала СДСМ, доаѓале напади и од Шилегов и Деспотовски.
Станува збор за критиките за неучеството на претседателот на СДСМ, Венко Филипче на лидерската средба и за одлуката да не се поддржи проектот Безбеден град, како и барањето за негова оставка.
-ВМРО, Шилегов, Деспотовски, сите користат иста реторика, исти техники од кујните и пораките ги шират преку истите провладини портали. Координацијата на нападите врз СДСМ веќе на сите им е јасна, објавија од СДСМ.
Деск
ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЛИДЕРСКАТА ФУНКЦИЈА И ТВРДИ ДЕКА СДСМ ОСТАНУВАЛА ЦЕЛОСНО ОБЕДИНЕТА, А ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА БИЛА СИНХРОНИЗИРАНА
2 Mins Read
Previous ArticleОТВОРЕНО ПИСМО ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР

