52-годишник од Бугарија заработи кривична пријава, бидејќи бил фатен на радар како вози со 205 километри на час, во близина на гевгелиско Милетково, на автопатот А1.
-Вчера во 10:46 часот на автопатот А1, во близина на село Милетково, гевгелиско полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.К.(52) од Република Бугарија.
При контрола со радар било констатирано дека А.К. управувал патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки со брзина од 205 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 120 километри на час, соопштија од МВР.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и против истиот е поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.
Деск
БУГАРИН ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА, ВОЗЕЛ СО 205 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС НА АВТОПАТОТ КАЈ ГЕВГЕЛИЈА
1 Min Read

