Илијана Малинова Јотова (61) стана првата жена претседател на Бугарија, откако Уставниот суд и официјално ги запре овластувањата на Румен Радев поради неговата поднесена оставка.
Taa е бугарска политичарка и државничка, која од 23 јануари 2026 година е претседателка на Бугарија, станувајќи првата жена која ја држи оваа функција во историјата на земјата.
Родена е и се школувала во Софија, а во деведесеттите години започнала да работи како новинар во Бугарската национална телевизија. Во Бугарската социјалистичка партија (БСП) од 1997 година раководела со прес службата на партијата.
Во 2007 година станала членка на Европскиот парламент, каде што работела на теми поврзани со безбедност, миграции и слободи на граѓаните. Во 2017 година била избрана за потпретседателка на Бугарија, а оваа функција ја повторила со втор мандат во 2021 година.
Приватно, таа е мажена и има еден син. Во неколку интревјуа за бугарски медиуми, таа нагласува дека семејството треба да остане заштитено од политичкиот и медиумскиот притисок.
Деск

