Со 2,61 промили алкохол во крвта, жена од Кавадарци му нанела повреди со остар предмет на својот сопруг, откако претходно имале вербална расправија, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес. Настанот се случил рано утринава.
-На 25.01.2026 во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, лишиле од слобода 30-годишна жена од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по вербална расправија, му нанела повреди со остар предмет на нејзиниот 43-годишен сопруг.
Предметот бил пронајден и одземен, а при преземање мерки кај неа биле измерени 2,61 промили алкохол во крвта.
Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, известија од полицијата.
Деск

