Вчера во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Ј.С.(39) од Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што посочуваат, тој на крстосница од улица „Партизанска“ со крак на улица „Партизанска“ во Неготино, со патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, удрил во деловен објект, по што го напуштил местото.
-По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени, при што било констатирано дека Ј.С. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 3,15 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од полицијата.
Деск
Previous ArticleКАВАДАРЧАНКА ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ

