Вчера во 18:12 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која евидирала како предмет на потрага од Интерпол, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– По извршената проверка констатирано е дека тој бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1000 евра.
Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Деск
МАЖ ОД КАМЕРУН ЗА 1.000 ЕВРА ВО СКОПЈЕ СИ КУПИЛ ФРАНЦУСКА ЛИЧНА КАРТА, АМА ПО СОПСТВЕНИКОТ НА ИСТАТА ТРАГАЛ ИНТЕРПОЛ!
1 Min Read

