Над сто македонски транспортни компании се приклучија на балканскиот протест и ги започнаа блокадите кои ќе траат седум дена.
Како што порача претседателката на транспортната асоцијација „Макам-транс“ Билјана Муратовска, ќе протестирале седум дена за да испратат сигнал, но после 10 април камионите ќе стоеле, оти ќе немало кој да ги вози.
Протестите на граничните премини се поради одлуката на Европската комисија со која се ограничува престојот во Шенген зоната од 90 до 180 дена и за професионалните возачи.
Камионџиите повикуваат на масовност на протестот, и апелираат сите да бидат сложни, а не да чекаат колегите од Србија, Босна, Црна Гора и Турција, кои исто така протестираат, да им ја завршат работата.
В.К.
КАМИОНЏИИТЕ ПОВИКУВААТ НА ПРОТЕСТ: НЕ ЧЕКАЈТЕ КОЛЕГИТЕ ОД ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ ДА НИ ЈА ЗАВРШАТ РАБОТАТА!
1 Min Read

