Утре во 17.00 часот започнува протестот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија, а на кој ќе се бара зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари, преку зголемување на минималната плата на 600 евра.
Протестот започнува на 28 јануари 2026 година во 17:00 часот пред Работнички дом (зграда на ССМ на ул. Мирче Ацев бр.6) во Скопје, по што продолжува пред Собранието, Стопанската комора и Македонската Влада (Движење по ул. Мирче Ацев, Филип Втори Македонски, 11 – ти Октомври, Димитрие Чуповски, Даме Груев, Билевар ВМРО и да заврши на Булевар Илинден пред Владата на Македонија).
-Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, а кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно со тебе.
Овој протест е затоа што те потценуваат и понижуваат и газдите и властите, затоа што на едните им е важно за ниски плати да им го стварате капиталот, а на другите им е важно со ниски плати да ги гласате за да Ве владеат, да владеат сиромашен народ, но послушен народ, затоа што ако имате пристојна плата и пристојна работа нема да мислите ниту на едните ниту на другите.
Овој протест е за сите вас, за Вашите деца, за Вашите внуци за тоа што со мизерни плати некој свесно Ве брка и Ви ги брка од Државата, порача претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој додава дека изговор да не протестираат за плата може да имаат само газдите и избраните и именуваните.
Деск
УТРЕ ЗАПОЧНУВА ПРОТЕСТОТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ: САМО ГАЗДИТЕ И ИЗБРАНИТЕ ИМААТ ИЗГОВОР ДА НЕ ПРОТЕСТИРААТ, ПОРАЧА ССМ
2 Mins Read

