Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, информира објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.
-Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци.
Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи. Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем, истакна Николоски.
Превозниците на транспортни возила пред четири дена поставија блокади на граничните премини кон земјите од Шенген-зоната, барајќи Европската Унија (ЕУ) да го измени правилото за електронска евиденција за престој на превозниците во зоната.
Тие се револтирани од правилата на ЕЕС, да им биде дозволен престој во земјите од ЕУ најмногу до 90 дена во период од 180 дена, како да се туристи.
Деск
ДОБИВМЕ ШТО БАРАВМЕ, ВОЗАЧИТЕ СЕ ПРИФАТЕНИ КАКО ПРОФЕСИОНАЛЦИ, СООПШТИ НИКОЛОСКИ
1 Min Read
Previous ArticleЧЕТВОРИЦА ОД НЕГОТИНСКО ОСОМНИЧЕНИ ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ!

