Велешкото езеро Младост денес се чисти за првпат по 60-тина години. Чистењето е дел од активностите за ревитализација на езерото, а увид во работата извршил и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
-Согласно планираните активности, во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Работиме на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода, објави министерот.
За реализација на активностите, обезбедена била вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство.
Деск

