Од утре, први февруари, започнува да функционира системот Безбеден град.
Системот ќе ги регистрира најчестите и најопасни сообраќајни прекршоци, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, управување нерегистрирано возило, како и неправилно запирање и паркирање. Камерите се поставени на клучни локации низ Скопје и другите градови, а казните ќе се изрекуваат без директна полициска интервенција.
Во декември 2025 и јануари 2026 г., системот работеше во проширена пробна фаза во која граѓаните добивале само предупредувања со цел учење и прилагодување на новите правила.
Системот е активен во Скопје, Тетово, Куманово и Коридорите 8 и 10, а според првичните најави, до летото ќе започне да функционира низ цела држава.
Деск

