Во домот на Драги Паровски, познат како чичко Драги од Рекорд живее несекојдневна приказна за хуманост и пожртвуваност.
Иако живее сам и во исклучително тешки услови, чичко Драги не е осамен. Неговиот дом е засолниште за повеќе од десет улични кучиња кои тој лично ги спасил и за кои секојдневно се грижи. 
Целата своја скромна заработка ја насочува кон нивната исхрана и нега, често останувајќи без основни средства за себе. Условите во кои живее се тешко описливи, но доволно е да се види дека неговиот дом одамна престанал да биде само негов – тој е дом за животните што никој друг не ги прифатил.
Поради здравствени проблеми, чичко Драги го има изгубено гласот, па комуницира пишувајќи на лист хартија. И покрај тоа, неговата добродушност и човечност зборуваат погласно од кој било збор.
Посетата на неговиот дом претставува силен контраст со современото општество – доказ дека токму оние кои имаат најмалку, често се тие што го даваат и последното што го поседуваат.
Чичко Драги секојдневно продава ситници во населбата Рекорд, во периодот од 08:00 до 12:00 часот, со надеж дека со заработеното ќе успее да купи храна за себе и за кучињата.
Деновиве на социјалните мрежи повторно е актуелен апел за негова помош.
Телефонот на чичко Драги е 070/614-815, па доколку некој сака да контактира со него, замолува тоа да биде со пораки бидејќи не може да зборува.
Секоја форма на помош – храна, финансиска поддршка или едноставно човечко внимание – за него значи многу. Отворена е и сметка за донации со цел да му се помогне на овој исклучителен човек: Сметка: 300007047016280, со назнака „Донација за чичко Драги“, или директно на лице место во Рекорд, наведено е во објавата која масовно се споделува.
М.К.
ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ ЗА ЧИЧКО ДРАГИ ОД РЕКОРД: ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ИЗГУБИ ГЛАСОТ, А ЧИИ ДЕЛА СЕ ПОГЛАСНИ ОД ЗБОРОВИ!
2 Mins Read
Previous ArticleЌЕ СЕ ГРАДИ ПАТЕКА НА БЕСКОНЕЧНОСТА ВО КОЧАНИ

