Денес, четврти февруари е Светскиот ден за борба против ракот. Од Институтот за јавно здравје порачаа да се оддаде почит на оние што ги изгубивме, да ги поддржиме оние што живеат со рак и да ја подигнеме свеста за подобри можности за превенција и лекување.
-Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот.
Во Република Македонија после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт.
Употребата на тутун е водечка причина за ракот кој може да се спречи.
Употребата на тутун е поврзана со околу 15 видови на рак, вклучувајќи рак на белите дробови и црниот дроб. Откажувањето од пушење значително го продолжува животниот век и квалитетот на животот, објавија од институтот.
Додаваат дека според податоците за причина за смрт во Република Македонија во 2023 и 2024 година малигните неоплазми на бронхот и белите дробови се на прво место.
-Вкупниот број на починати лица од малигните неоплазми на бронхот и белите дробови во 2024 година изнесува 860 од кои бројот на мажи е поголем, во однос на бројот на жени.
Вкупниот број на починати лица во 2024 година изнесува 20201 од кои 10604 се мажи а 9597 се жени. Oд малигни неоплазми починати се вкупно 3958 од кои 2325 се мажи, а 1633 се жени. Во истата година бројот на починати од неоплазми на возраст над 65 е речиси двојно поголем од бројот на починати до 64 годишна возраст, соопштија од Институтот за јавно здравје.
Деск
2.325 МАЖИ И 1.633 ЖЕНИ ПОЧИНАЛЕ ОД МАЛИГНИ НЕОПЛАЗМИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2024 ГОДИНА
2 Mins Read

