По повод вчерашните настани, кога поголеми групи на Роми блокираа патишта и палеа гуми и отпад, во знак на револт бидејќи им се одземаат возилата на лицата кои немаат положено возчки испит, премиерот Христијан Мицкоски вели дека жестоко ќе се одговори на секој кој го загрозува мирот и безбедноста.
-Разговарав утрово со министерот за внатрешни работи. Тоа што го побарав од него е оној кој го прекршил законот, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните – жестоко да се одговори. И ќе се одговори за да не се повтори тоа дивеење вчера што се случи, изјави Мицкоски.
На хаосот кој што се случуваше вчера сведочеше целата јавност и се обајвија голем број на видеа од протестите, од каде присутните порачаа дека и без положен возачки испит треба да продолжат да возат и да бидат изземени од закон за сообраќај.
Тврдеа дека возат одлично, а не биле писмени за да полагаат и немале пари за да уплатат за полагање на возачки испит.
Некои од нив пред камерите дури кажуваа дека возат и по 20 години без возчка дозвола, а имаше и закани дека нема да запрат додека не им се исполни барањето, да не подлежат на законски санкции. Зад нив на улиците остана неред и ѓубре кое го палеа во знак на револт.
Деск
ЖЕСТОКО ЌЕ СЕ ОДГОВОРИ ЗА ДА НЕ ПОВТОРИ ТОА ДИВЕЕЊЕ ОД ВЧЕРА, КАЖА МИЦКОСКИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ НА РОМИТЕ КОИ САКААТ ДА ВОЗАТ БЕЗ ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ
2 Mins Read

