Освен што ги евединтира сообраќајните прекршоци, системот Сејф сити ќе ги лови и сите оние кои носат и оставаат бездомни кучиња во Скопје, долгогодишна тема за која редовно се зборува, но барем досега, нема официјална информација дека некој бил санкциониран поради овој проблем.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека ред мора да има, како поради животните, така и поради безбедноста на граѓаните.
-Нема да дозволиме Скопје да биде депонија за туѓи проблеми.
Прашањето за носење бездомни кучиња од други градови веќе е отворено и со надлежните институции.
Со воведувањето на системот „Сејф Сити“, сите кои несовесно ги носат животните во главниот град ќе бидат откриени и санкционирани.
Ред мора да има – и заради безбедноста на граѓаните, но и заради заштитата на самите животни, истакна Ѓорѓиевски.
Додаде и дека за ЈП „Лајка“ се обезбедени 30 милиони денари за сериозно проширување на капацитетите и создавање современи, хумани услови за згрижување на бездомните кучиња.
-Многу брзо од денес започнуваме конкретна постапка за проширување на капацитетите на „Лајка“, со што ќе обезбедиме простор, грижа и достоинствен третман за бездомните кучиња.
Тие се живи суштества кои заслужуваат заштита, храна, ветеринарна грижа и шанса за подобар живот, порача градоначалникот.
Деск
СЕЈФ СИТИ ЌЕ ГИ ЛОВИ СИТЕ КОИ СО ВОЗИЛА НОСАТ И ОСТАВААТ КУЧИЊА НА УЛИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ!
1 Min Read

