Сообраќајка помеѓу три возила се случила синоќа во Охрид, по што двајца од возачите останале без своите возила. Имено, еден од нив возел под дејство на алкохол и имал три забрани за управување со возило, а другиот пак исто така имал забрана за возење.
-Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид, соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид.
-По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија.
Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија.
Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“, известија од полицијата.
Деск
ЕДЕН ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ТРИ ЗАБРАНИ, ДРУГ СО ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКА, СЕ СУДРИЛЕ СО ТРЕТ: ОДЗЕМЕНИ ДВЕ ВОЗИЛА ВО ОХРИД
1 Min Read

