Кога за првпат јавно прозборев дека мојот внук Лука има аутизам, луѓето кои имаат деца со попреченост ме застануваа на улица и ми заблагодаруваа. Не сфаќав дека порано ретко кој зборувал за тоа, и тогаш не бев свесна колку е важно да се зборува отворено за тоа, вели музичката дива Маја Оџаклиевска во интервју за Блиц. 
Маја, раскошниот глас од Скопје, кој го освои целиот Балкан, десет години се грижеше за внукот, и за да му биде подобро, од Белград замина да живее со него во Велика Плана. Денес, кога тој имал 16 години, бил сместен во дом, бидејќи, како што вели Оџаклиевска, поради возраста не била повеќе во состојба да му ја пружи потребната грижа.
Апелираше државата да помогне во домот да се вработат повеќе луѓе, со цел децата кои се сместени таму да добиваат поголема грижа.
Во интервјуто зборуваше и за ќерките, и откри дека има кажала дека кога повеќе нема да може да се грижи за себе, да ја сместат во дом за нега на стари лица.

-Не сакам никому да бидам товар! Не сакам да живеам во заедница, да слушам кавги, да гледам неизмиени садови. Сакам да бидам во своја соба, да гледам телевизија, да прошетам низ паркот.
Но, најважно ми е додека сум жива – да живеам, да имам квалитетен живот. А кога ќе заминам, да ме испратете со песна. Нема ништо поубаво од тоа, верувајте ми, раскажа Оџаклиевска.
Деск

