На 05.02.2026 во 10:50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино, привеле 17-годишник од Неготино, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што соопштија од полицијата, тој бил баран по локален распис во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
-Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи Неготино и адвокат за малолетници, а по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од СВР Велес.
Деск

