-Голем број од оние кои се сомневаа во нашата љубов и ни кажуваа дека нема долго да траеме, денес се разведени, а ние со Билјана, еве, живееме во љубов и слога, ни раскажа во постаро интервју Нигериецот Симеон Поликарп, познат во јавноста како Џими, кој повеќе од 40 години живее во Штип со семејството.
Џими од Нигерија во Штип ќе дојде како 17-годишно момче, преку проектот за размена на студенти.
Тој најпрво ќе дојде во Пробиштип, во далечната 1977 година, заедно со уште преку 1000 ученици што во тоа време дошле да учат и студираат во Југославија.
Во Македонија ја запознал Билјана, и им се случила голема љубов од која имаат два сина и внучиња. Познат е во јавноста од ТВ реклами, по хуманитарната работа, а и како поранешен кандидат за градоначалник на Штип.
Прекарот Џими го добил кога дошол во Македонија, бидејќи најчесто бил облечен во маица со името и ликот на неговиот омилен реге-пејач Џими Kлиф од Јамајка, кој многу личел на него, па соучениците мислеле дека самиот си ги отпечатил името и ликот на маицата и го завикале Џими.
За Билјана ни кажа дека секогаш го гледала со очи полни љубов, па така и другите сфатиле дека тие се решени да го поминат животот заедно.
-Имаме внучиња, тоа е наша трета генерација овде, и јас продолжувам со мојата мисија, да го направам ова место подобро катче за живеење за сегашните и сите идни генераци, ни изјави Џими во интервју пред неколку години.
В.К.
ЏИМИ ДОЈДЕ ОД НИГЕРИЈА КАКО 17-ГОДИШЕН СТУДЕНТ И ОСТАНА ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ЉУБОВ
2 Mins Read
Previous ArticleКАМПАЊА – ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ: АТИПИЧЕН ХЕМОЛИТИЧКО – УРЕМИСКИ СИНДРОМ (аХУС)/ATYPICAL HEMOLYTIC UREMIC SYNDROME (aHUS)
Next Article НЕМА ДА ОСТАНЕ НЕОТКУПЕНО МЛЕКО, ВЕЛИ ТРИПУНОВСКИ

