Неодамна ја примивме жалната вест дека тетка Милевка од Лозово починала. Навистина нѐ погоди оваа вест бидејќи семејството на тетка Милевка беше едно од нашите најактивни семејства-домаќини кое соработуваше со Мировниот корпус повеќе од 10 години, отварајќи го својот дом за многу од нашите волонтери, објави Мировниот корупс – Македонија.
Кога стапивме во комуникација со дел од нив (со волонтерите), да побараме нивни слики со тетка Милевка, еден од нив, Џош, ни го напиша следното:
“Имам толку многу убави спомени со Милевка и Митре во Лозово. Тешко ми е да најдам зборови за тоа колку ми значеше целото тоа искуство таму.
Од првиот ден кога стигнав во Лозово, се почувствував како дел од семејството.
Никогаш нема да заборавам како се смеевме заедно, ниту пак како ме испраќаше до училницата скоро секое утро. Секогаш се радував дека после часови ќе пиеме кафе заедно.

Почестен сум што ја знаев. Ќе ми фали навистина и никогаш нема да ги заборавам тие неколку месеци и среќата што ја имав да бидам сместен во нејзиниот дом.”
Почивај во мир тетка Милевка, ти благодариме за сѐ! Засекогаш ќе бидеш во нашите спомени и срца, објавија од Мировниот корпус, за жената која ширум им ги отвроила вратите на својот дом.
Деск

