За уште една измама извршена од страна на лице кое се претставило како лекар известува Министерството за внатрешни работи. Овојпат жртвата е пензионерка од Битола која останала без 7.000 евра.
-Вчера во 11:25 часот во СВР Битола, 76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот.
Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола.
Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Деск

