Полицијата имала полни раце работа вчера и денес во раните утрински часови, и одзела пет возила во Неготино, Кавадарци и Велес, кои биле управувани од лица без возачки дозволи. Како што известија од Секторот за внатрешни работи Велес, лицето од Неготино, освен што не поседувало возчка дозвола, било и под дејство на алкохол.
-Вчера во 21:50 часот, на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Г.(30) од Скопје. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Г., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.02.2026 во 01:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(25) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, било сопрено патничко возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал А.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта, а било утврдено и дека не поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, а возилото одезмено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.02.2026 во 12:05 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.К.(54) од Велес. При контрола на патниот сообраќај било сопрено патничко возило „матиз“ со велешки регистарски ознаки, што го управувал С.К., при што било констатирано дека возилото го управува без да поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, тој е приведен во полициска станица, а возилото одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.02.2026 во 19:40 часот, на магистрален пат Езеро Младост- Велес, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода Д.Ѓ.(22) од Велес. При контрола на патниот сообраќај било сопрено патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ѓ., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.02.2026 во 20:45 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.И.(20) од село Возарци, кавадаречко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.И., при што било констатирано дека возилото го управувал без да поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од секторот.
Деск
ОДЗЕМЕНИ ПЕТ ВОЗИЛА ВО НЕГОТИНО, КАВАДАРЦИ И ВЕЛЕС: ВОЗЕЛЕ БЕЗ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ, А ЕДНО ЛИЦЕ БИЛО И ПИЈАНО
3 Mins Read

