Вчера во Скопје во периодот од 19:00 до 03:00 часот, во централно градско подрачје, од страна на полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар е спроведена акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот и за точење на алкохол на малолетници, соопшти МВР.
При тоа, во угостителски објект на подрачјето на Центар затекнати се малолетници кои консумирале алкохол, известуваат од министерството.
– Од слобода е лишена 20-годишна вработена во објектот поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 204 од КЗ – „точење алхолни пијалоци на малолетници“, известен е Државниот пазарен инспекторат и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави, истакнаа од МВР.
Деск

