Започна протестот организиран од Сојузот на синдикати на Македонија, на кој се бара зголемување на работничките плати или за зголемување на минималната плата и зголемување на сите останати плати за најмалку 6 000 денари.
Првата блокада е пред Собранието и ќе заврши во 11.00 часот.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов истакна дека протестот треба да ги засрами сите, а посебно пратениците, 120 на број, и доколку не се предложело зголемување на минималната плата, ќе собереле 10.000 потписи и официјално ќе можеле да предложат да им се намалат платите на функционерите.
Најавени се протести и во четврток, кај Стопанската комора, како и наредниот вторник, кај Владата.
Деск
ССМ ПРОТЕСТИРА: ПРОТЕСТОТ ДА ГИ ЗАСРАМИ СИТЕ, ПОСЕБНО ПРАТЕНИЦИТЕ, ВЕЛИ ТРЕНДАФИЛОВ
1 Min Read

