На 5 март годинава по осми пат Оркестар DIVA и НУ Камерен Оркестар на Битола во соработка со Центар за култура ќе одржат концерт во чест на легендарниот музичар Тоше Проески.
Настанот е насловен „Засекогаш во срцата“, а влезниците по цен аод 500 денар веќе се пуштени во продажба.
-Убаво е кога имаме некого со кого можеме да се гордееме. Некого за кого секогаш ќе кажеме – Тој беше наш!
Тоше Проески остави многу повеќе од песни. Остави спомени. Емоции. Моменти што ги носиме со себе цел живот. Неговата музика нè следеше низ радости и тешки денови, низ младоста, љубовите, разделбите… и секогаш некако знаеше да нè допре таму каде што зборовите не можат, објавија од НУ Камерен оркестар Битола.
Затоа, повикуваат на 05.03.2026 по 8 пат сите заедно да го проследат концертот „Засекогаш во срцата“, кој е уште една вечер посветена на човекот кој обедини генерации.
-Ова е покана да застанеме за момент. Да се потсетиме. Да запееме и да ја почувствуваме музиката што сите нè поврзува, порачаа од камерниот оркестар.
Б.Н.
УБАВО Е КОГА ИМАМЕ ЗА НЕКОГО ДА КАЖЕМЕ – ТОЈ БЕШЕ НАШ: НАЈАВЕН КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ
1 Min Read
Previous ArticleДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ОД СВОИ СРЕДСТВА ИМ УПЛАТИЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕНИ И ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА: ИМ НАНЕЛ ШТЕТА НА ЧЕСТА
Next Article СВЕТСКАТА МУЗИЧКА СЕНЗАЦИЈА РИТА ОРА ДОАЃА ВО ОХРИД!

