Кавадарци добива нов трговски центар, е информацијата која дојде до ВИКИМЕДИА, а истиот ќе се простирал на површина од околу 2.000 метри квадратни.
Како што првично дознаваме, станува збор за инвестиција на КАМ ИМОБИЛИЕН, сестринска компанија на КАМ ДОО од Скопје, член на групацијата Камчев груп, чија што главна дејност е креирање, инвестирање во изградба и управување и издавање на недвижностите на групацијата.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, за ВИКИМЕДИА потврди дека компанијата веќе купила плац, кој се наоѓа на улица Ресавска, наспроти новоизградената детска градинка. Повеќе детали околу проектот, моментално не се соопштуваат.
Инаку, кон крајот на минатата година, генералниот директор на сиџирот маректи КАМ, Трајче Цветановски, во интервју за Инсторе.мк кажа дека планирано е отворање на центри во Радовиш, Куманово и Кочани.
-Трговските центри и ритеил-парковите се покажаа како успешен проект поради сеопфатната понуда за купувачите, различното шопинг-искуство и паркинг-просторот. Заедно со колегите од „КАМ Имобилиен“ ќе продолжиме во таа насока со тоа што во план е отворање на центри во Радовиш, Кочани и во Куманово. Не го менуваме моделот, само го надградуваме, изјави Цветановски за Инсторе.мк.
Трговско-административните центри на КАМ ИМОБИЛИЕН се наоѓаат во неколку градови во Македонија: Скопје, Битола, Охрид, и ритеил паркови во Куманово, Кочани, Неготино и Прилеп.
Според Клуб 200 пак, како идни проекти, во останатите градови низ Македонија, компанијата ги најавувала: ТЦ Вилиџ Вања Камчев – Охрид, ТЦ Кавадарци, ТЦ Прилеп, КАМ Гевгелија, ТЦ Радовиш.
Изградбата на овие објекти треба да придонесе за поголемо заживување на општините и поттикнување на локалната економија.
В.К.
Previous ArticleПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ ДЕНЕС ПОРАДИ ПРОТЕСТ НА ССМ

