Воодушевен сум од она кое го најдов покрај контејнер во Скопје, вели Американецот Брет МекМахам, кој сам патува низ светот и објавува видеа, а изминатите неколку недели престојува во Скопје.
Како што раскажува во видеото кое го објави, кога во Србија за првпат видел како граѓани оставаат ќеси со предмети кои не им требаат покрај контејнерите, за да ги земе некој кому се потребни, многу се изненадил. 
Во Скопје забележал дека се прави истото, а пред неколку дена покрај контејнер забележал нешто невообичаено за него, го зел во апартманот во кој престојува и го исчистил. Станува збор за килим ткаен на разбој, нешто традиционално кај нас, но непознато за Америка.
Иако рачно ткаените килими се важен дел од културното наследство на Македонија, и ги има во речиси секоја куќа, се почесто се сметаат за старомодни, и завршуваат на таван или како во случајов, пред контејнер.
Иронично е што надвор од Македонија ваквите рачно ткаени килими се ценат како етно-уметност и можат да достигнат високи цени, додека кај нас понекогаш се потценети.
В.К.
АМЕРИКАНЕЦ ВО СКОПЈЕ СЕ ВООДУШЕВИ, ОТКАКО ПОКРАЈ КОНТЕЈНЕР НАЈДЕ РАЧНО ТКАЕН КИЛИМ
1 Min Read

