Авионот полетал со 106 патници, и слетал со 107. На денешен ден-13 февруари 1978 година за време на летот Б-707 со ЈАТ од Југославија до Австралија во авионот се родил Јатко Тодев. Мајката на Јатко имала 18 години и летала во осмиот месец од бременоста од Белград преку Сингапур до Сиднеј. Таму ја чекал нејзиниот сопруг Стојан, кој заминал во Австралија неколку месеци порано во потрага по подобар живот. Таа се породи два часа пред да слета, на 8.000 метри.
Јатко Тодев денес живее во Австралија и тој е прв Македонец кој се родил во авион. Неговата мајка Марија Тодева се породила во авионот и тоа било прв таков случај во историјата на воздушниот сообраќај. Името Јатко му го дал пилотот по името на авиокомпанијата ЈАТ. Мајката на Јатко по потекло била од неготинско.
Веста за настанот тогаш се нашла во сите светски медиуми. Кум на бебето бил пилотот кој управувал со летот и самиот посведочил за овој несекојдневен настан.
Го крстиле Јатко, во чест на авиокомпанијата ЈАТ (сега позната како Ер Србија). Тој е единствениот човек во светот, во чие место на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI.
Деск

