Британскиот дневен весник Гардијан објави фотографија на македонскиот фоторепортер Роберт Атанасовски. Станува збор за фотографија од Струмикиот карневал, а како што пишува медумот, таа е дел од фотографии од настани од целиот свет, кои ги избрале нивните уредници за објава.
Ова не е првпат фотографија од нашиот истакнат фоторепортер да се најде во Гардијан, но и во други светски престижни агенции. Неговите фотографии кои носат уникатни приказни и кои фасцинираат, неретко целиот свет имал можност да ги види, откако биле во објавени во водечки медиуми.
Пред неколку дена, по повод јубилејот, 80 години од основањето на Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ, Роберт Атанасовски доби награда за животно дело, за исклучителен придонес во фоторепортерството и визуелното документирање на современата историја.
В.К.
ГАРДИЈАН ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД РОБЕРТ АТАНАСОВСКИ: НЕГОВИТЕ ФОТОГРАФИИ СЕ ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА
1 Min Read

