По дојава од Фондот за дивата флора и фауна од Бугарија, викендов на терен го констатиравме угинувањето на еден црн и на еден белоглав мршојадец, на висорамнината Витачево во атарот на селото Гарниково, заедно со претставници на ОВР – Кавадарци, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина и на Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци, соопштија од Македонско еколошко друштво.
Од друштвото откриваат дека угинатите птици биле пронајдени благодарение на ГПС локатор, кој буграски екологисти го поставиле на еден од мршојадците, со цел да го следат неговото движење.
-Еден од мршојадците беше опремен со ГПС-локатор од страна на нашите бугарски колеги, благодарение на што можеше да се следи неговото движење и да се утврди локацијата на угинување.
Ваквите случаи се секогаш непријатни. Истовремено, се потврда за ефективноста на ГПС-локаторите и за важноста на меѓународната соработка. Согласно протоколот, ние и денес сме на терен за да се осигураме дека нема други угинати птици, известија од друштвото.
Додаваат дека двете угинати птици се пренесени на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ во Скопје на понатамошни лабораториски анализи за утврдување на причините за угинувањето.
-Штом резултатите бидат официјално познати, ќе излеземе со подетални информации, истакнаа од Македонско еколошко друштво.
Деск
УГИНАТИТЕ МРШОЈАДЦИ ВО КАВАДАРЕЧКО БИЛЕ ПРОНАЈДЕНИ БИДЕЈЌИ БУГАРСКИ ЕКОЛОГИСТИ ПОСТАВИЛЕ ГПС ЛОКАТОР НА ЕДЕН ОД НИВ
1 Min Read

