Вчера во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(33) од Неготино, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од таму посочуваат дека приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Додаваат дека лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната.
Деск

