Деан Димитриески, Македонецот по потекло од тетовско, кој како 5-годишно дете се преселил во Детроит, во својата автобиографија го опишал тамошниот живот на дете – мигрант од Македонија, во еден од најопасните квартови во градот, каде во 1970-те години владеело големо насилство од страна на улични банди.
Неговата книга ,,Tears for my city” (,,Солзи за мојот град“), станала една од глобално најпродаваните, и ја добил наградата за најдобро сценарио на ,,Hollywood Festival 2014”. Фолк пејачот Јордан Митев, за време на својата турнеја се сретнал со Димитриески, и потсети на неговата животна приказна.
-Ова е победа за Детроит и за сите имигранти од целиот свет кои ги преселиле своите семејства во Америка за да си направат живот во внатрешните градски области. Повеќето дошле со празни раце и работеле напорно за нивните деца еден ден да добијат образование и подобар начин на живот, порача Димитриески по добивањето на наградата.
Во книгата, Димитриески раскажува за неговите обиди да го заштити семејството од бандите во соседството кои се занимавале со продажба на дрога, но и од неговите обиди да стои подалеку од нив, во време кога негови пријатели веќе станувал дел од нив. Кога бил на чекор да се приклучи, се случила голема трагедија.
Книгата која е издадена во 2011 година, исто така добила и почесно литературно признание за најдобра автобиографија.
В.К.
ДЕАН ОД ТЕТОВСКО ВО КНИГА ГО ОПИША СВОЕТО ДЕТСТВО НА ДЕТЕ-МИГРАНТ ВО САД И ГИ ОСВОИ ЧИТАТЕЛИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ
2 Mins Read

