Продолжуваме да ги реализираме проектите, а нивото на реализација на капиталните инвестиции е исклучително високо. Околу десет милијарди денари се реализирани во првите два месеци и во првите пет дена од третиот месец март, што претставува приближно 25 проценти од вкупниот износ на капитални инвестиции предвидени за 2026 година, кажа денес премиерот Христијан Мицкоски, за време на увидот во изградба на пречистителна станица во Кучевишка Бара.
-Очекувам со ова темпо да се зголемува и бруто домашниот производ и конечно граѓаните да го почувствуваат сето она што го работевме во насока на стабилизација на државата. По една криминална влада, влада предводена од СДСМ и ДУИ, која буквално ги уништи институциите, ги ограби граѓаните и ја понижи државата. Како Влада дадовме сè од себе за повторно да застанеме на нозе, да дојдеме до една неутрална состојба во моментов и да продолжиме да го испорачуваме она што граѓаните го очекуваат од нас, истакна Мицкоски.
На настанот, тој се заблагодари на двајцата градоначалници, на градоначалникот на Чучер Сандево и на градоначалникот на Бутел.
-Сакам да се заблагодарам уште еднаш и на Министерството, на министерот и на заменик-министерката во Министерството за животна средина и просторно планирање, на сите советници кои ја поддржуваат работата на општините, на пратениците кои застануваат зад овие проекти, како и на администрацијата која со својот труд додава вредност во целиот овој процес, рече премиерот.
Деск
МИЦКОСКИ: ОЧЕКУВАМ КОНЕЧНО ГРАЃАНИТЕ ДА ГО ПОЧУВСТВУВААТ ОНА КОЕ ГО РАБОТЕВМЕ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА!
2 Mins Read

