6.420 евра се уплатени на сметка на Здружението на граѓани 16-ти март Кочани, а истите се собраа на хуманитарниот концерт кој се одржа во Диселдорф, Германија, во организација на МКЦ ,,Македонско сонце”. Средствата се наменети за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
На настанот настапија Тина Русева, Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски, Елена Андоновска и Сања Лефкова.
Од здружението порачаа дека поддршката им значи многу, и е силна порака дека во тешките моменти не се сами.
На концертот, кој се одржа на 28 февруари, пред присутните говореше Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од дуото ДНК, кој го загуби животот во пожарот во Кочани.
Деск

