Жена од Црна Гора е уапсена во Тетово, поради кражба на златен накит од златара.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:00 часот во Тетово на ул.„Страшо Пинџур“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Л.И. (27) од с.Беранце, Р. Црна Гора, по претходна пријава од А.Х. (31) од Тетово, дека од неговата продавница за златен накит во Тетово, едно женско лице, кое питачело, одзело златни предмети.
Од министерството додаваат дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

