Министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство, Цветан Трипуновски, заедно со својот тим денес доаѓа во Неготино на средба со земјоделците.
Тој заедно со својот тим ја продолжува теренската кампања „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, каде директно разговара со граѓаните за нивните предизвици, потреби и предлози.
-Секој предлог и идеја од земјоделците се добредојдени, заедно да креираме подобра иднина.
Се гледаме во сабота, 21.03.2026 во 18:00 часот во општинската сала во Неготино, соопшти министерот.
Во рамки на кампањата која започна пред три дена се формирани два големи тима кои ќе посетат над 30 општини, како и шест помали тимови кои ќе опфатат повеќе од 120 населени места.
-Министерството не може да се затвори во канцеларии и само да креира политики. Напротив, преку непосреден дијалог ќе дадеме отчет за сработеното, ќе ги појасниме актуелните мерки, како што е Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, но и ќе ги сослушаме земјоделците, кажа тој неодамна, најавувајќи ја кампањата.
Деск
Previous ArticleПОЧИНА ТАЊА, ОСНОВАЧКАТА НА ПРВИОТ ЖЕНСКИ РОК БЕНД ВО ЗЕМЈАВА

