Мајмунчето Мики во Скопје ЗОО, на кое од градината му организираа роденденска прослава за првиот роденден, не само што остана без подароците кои му ги донеле гостите, туку бил украден и букетот кој бил донесен како подарок за неговата зоонегувателка Зера.
-Не уби туѓиот срам, за ВИКИМЕДИА велат вработени во зоолошката по повод настанот.
Дојдоа повеќе луѓе, а на Мики му донесоа играчки, плишани мечиња, ќебенца… На негувателката која се грижеше за него, откако беше отфрлен од мајката во многу лоша состојба, посетители и донесоа букет на подарок.
Разграбувањето на подароците се случи за помалку од пет минути, кога се собравме надвор да се дуваат свеќичките, а кога се вративме, имаше што да видиме. Дури и букетот беше украден, раскажаа вработените.
Велат дека внатре во живеалиштето немало безбедносни камери, а камерите од надвор, не го покривале тој дел каде биле оставени подароците за Мики.
Настанот наиде на широка јавна осуда и уште еднаш го отвори прашањето: Каков народ живее помеѓу нас?
В.К.
ГОСТИТЕ НА РОДЕНДЕНОТ, НЕ САМО ШТО ГО ПОКРАДИЛЕ МАЈМУНЧЕТО, ТУКУ ГО УКРАЛЕ ДУРИ И БУКЕТОТ ЗА ЗООНЕГУВАТЕЛКАТА
1 Min Read
Previous ArticleИСЧЕЗНА 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД КУМАНОВО

