-Треба ли невини луѓе да платат со живот поради тоа што некој не сака да се потруди и да си осветли земјоделското возило, според закон, прашуваат жители на Тиквешијата.
И покрај сите законски регулативи и кампањи на надлежните институции, никако да проработи свеста кај дел од трактористите, кои без исправна светлосна сигнализација продолжуваат да ги управуваат своите трактори.
Овој сериозен проблем претставува директна закана за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а најмногу за возачите кои се движат во ноќни услови или при намалена видливост. Проблемот е посебно изразен во Тиквешијата, од каде читатели на ВИКИМЕДИА во повеќе наврати ни доставија фотографии и видео снимки, со апел до надлежните служби да преземат конкретни мерки и ваквото однесување кое е спротивно на сообраќајните правила и сериозно ја загрозува безбедноста, да биде спречено.
Од Министерството за внатрешни работи редовно апелираат до земјоделците да ја почитуваат законската регулатива и да ги опремат своите возила со соодветна светлосна и сигнална опрема. Исто така, константно, посебно во ек на земјоделска сезона, најавуваат засилени контроли на терен, со цел санкционирање на несовесните учесници во сообраќајот.
Безбедноста на патиштата е заедничка одговорност. Само со почитување на правилата и поголема свесност може да се спречат несреќи и да се зачуваат човечки животи.
Деск
УПРАВУВАЊЕТО СО НЕОСВЕТЛЕНИ ТРАКТОРИ ПРОДОЛЖУВА, ГРАЃАНИ БАРААТ ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ОВА СЕРИОЗНО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА
2 Mins Read

