Се ,,чешлаат” институциите во кои има сомнеж за злоупотреби на боледувања, вели директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски, откако при контрола, 80 вработени во МВР искористиле 514 боледувања во втората половина од 2025 година. Било утврденодека околу 100 боледувања од вкупно 514 се неуредни или неправилни, односно секое петто боледување било неправилно.
За сите неправилности за боледувањата во државните институции во тек се постапки за казни во износ од 1,2 милиони денари. Акцијата е дел од засилените контроли врз боледувањата во јавниот сектор, каде изминативе години се регистрирани многу сомнежи за злоупотреби на истите.
Поради тоа, планирано е во иднина да се заострат правилата за издавање на боледување.
Со контролата биле опфатени 105 приватни здравствени установи од кои најголемиот дел биле ординации по општа медицина, но имало и неколку по гинекологија и акушерство и по стоматологија. Исто така, контроли биле извршени и во три јавни здравствени установи и на три лекарски комисии.
Неправилности биле утврдени кај 27 ординации од општа медицина и две од гинекологија. Овие установи издале 100 неуредни боледувања.
Најчесто користени дијагнози при издавањето боледување биле болести на респираторниот систем, на мускулниот систем и сврзното ткиво и на дигестивниот систем.
Деск

