Годинава Виенски бал во Скопје слави 25-годишен јубилеј, а настанот кој предизвукува воодушевување со спојот на музика и гламур, ќе се одржи на 18 април во хотел Александар Палас.
На свеченото отворање на Виенскиот Бал 2026, ќе настапи „Јохан Штраус“ оркестарот, а диригент ќе биде Бисера Чадловска. Целокупниот настап ќе биде заокружен со изведбата на танцовата школа „Прима Данца“. За време на коктелот е најавен настап на Роберт Вернер од Австрија.
Исто така, на Виенскиот Бал во Скопје, оваа година ќе настапи и Националниот Џез Оркестар како специјален гостин. Со својот препознатлив звук и врвна изведба, тие ќе внесат дополнителна енергија и софистицирана атмосфера во оваа елегантна вечер.
Како вокален солист пак, ќе настапи младата Ана Петановска.
Виенскиот бал во Скопје е мост меѓу Македонија и Австрија. Тој претставува симбол на пријателство, европски вредности и културна соработка и е настан што има меѓународно значење, позиционирајќи ја Македонија на мапата на светските балски традиции.
Деск
Next Article МАКПЕТРОЛ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА

