Во Спомен костурницата во Кавадарци — монументален споменик кој симболизира стара македонска куќа која претставува вечен дом на паднатите борци, жртви на фашистичкиот терор од НОВ во периодот од 1941-1945 година, од денес започнува акција за отстранување на графитите, како и темелно чистење.
Акцијата е иницирана од страна на градоначалникот Митко Јанчев, и предвидено е да се санираат и оштетувањата на овој значаен објект кој оваа година во септември ќе обележи 50 години постоење.
Активностите се реализираат со помош на ЈП Комуналец и Територијалната противпожарна единица Кавадарци.
Инаку, костурницата изработена од бетон е дело на архитектот Петар Муличковски, а во внатрешноста на гранитни плочи се испишани имињата на паднатите борци. Од таму се гледа панорамата на Кавадарци и Тиквешијата.
Споменикот беше свечено откриен на 7-ми септември 1976 година, во чест на 31-годишнина од ослободувањето на градот.
Деск
ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ И САНИРАЊЕ НА ОШТЕТУВАЊА НА СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ ОД ЧИЈА ИЗГРАДБА ГОДИНАВА СЕ НАВРШУВААТ ПЕТ ДЕЦЕНИИ
1 Min Read

