Задоволство е да се види дека проектот добро напредува. Динамиката е добра. Ние минатата година кога го започнавме овој проект ветивме дека првата линија ќе биде завршена до јуни и тоа ќе биде остварено.
Сакам да почнеме да ја навикнуваме јавноста да се завршуваат проектите во предвиден рок и како што гледате, проектите кои што оваа Влада ги почнува завршуваат во предвидениот рок и се движат со добра динамика, затоа што пред да ги започнеме проектите имаме еден многу сериозен процес на планирање за кога ќе се излезе на терен и ќе почне да се работи навистина да се испорача она што се ветува, кажа министерот за транспорт Александар Николоски, кој истакна дека во јуни првата линија од проектот “Градски воз“ од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Аеродром до Железничка станица Скопје ќе биде завршена, а со почетокот на школската година во септември ќе биде пуштена во сообраќај.
Тој вели дека со овој проект ќе се растовари сообраќајот, а и ќе се намали загадувањето во зима.
-На крајот на 2027 веќе ќе ги имаме трите линии функционални, што во добра соработка со јавното сообраќајно претпријатие ќе значи едно целосно растоварување на сообраќајот во градот. Се надеваме дека до 2029 година ќе имаме комплетно нова состојба со градскиот превоз во Скопје, истакна министерот.
Деск
САКАМ ДА ПОЧНЕМЕ ДА ЈА НАВИКНУВАМЕ ЈАВНОСТА ДЕКА ПРОЕКТИ СЕ ЗАВРШУВААТ ВО ПРЕДВИДЕН РОК, ВЕЛИ НИКОЛОСКИ ЗА ,,ГРАДСКИ ВОЗ”
2 Mins Read
Previous ArticleПОВЕЌЕ ОД 3.400 УЧЕСНИЧКИ ЈА ИСТРЧАА АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА

