-По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2,5 кг, и по 11 дена поминати на ЕСМО (машина што ги заменува срцето и белите дробови)… денес за првпат во Македонија, детето успешно е одвоено од машината. Се надеваме на брзо и успешно закрепнување во наредните денови. Браво за целиот медицински тим, објави д-р Владимир Чадиковски.
Детскиот кардиохирург Чадиковски повеќе од две децении оперира деца од најразлична возраст, а околу 13 години оперира деца со вродени срцеви мани.
Неговиот успех е препознаен од нашите граѓани, но и од околните држави. Има спасено стотици детски животи и е нарекуван медицински херој.
Деск

