Еден додаток од кујната го решава проблемот со пукање на јајцата додека се варат.
Решението е едноставно и веќе го имате во кујната. Лимон.
Со додавање на неколку лажици лимонов сок во водата во која ги варите јајцата, ги намалувате шансите лушпата да пукне. Киселината од лимонот делува така што ја зацврстува белката, па дури и ако се појави мала пукнатина, содржината останува внатре во јајцето.
Во пресрет на Велигденските празници, домаќинствата ширум земјата започнаа со традиционалното вапсување јајца, и покрај традиционалното вапсување јајца споделуваат и практични совети за нивна подготовка.
Според обичајот, првото јајце се бојадисува во црвена боја рано наутро на Велики Четврток, симболизирајќи го здравјето и среќата во домот.
Покрај лимуновиот сок, кој спречува пукање на јајцата при варење, се препорачува тие да се ставаат во ладна вода и постепено да се загреваат, со цел да се зачува нивниот изглед пред бојадисувањето.
Деск
Previous ArticleНЕ ОЧЕКУВА ИСКЛУЧИТЕЛНО ЛАДНО ВРЕМЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

