Македонскиот актер Никола Ристановски беше прогласен за најдобар актер на јубилејните 30. Глумачки свечености „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац.
Неговата впечатлива и длабоко емотивна изведба како професорот Мишел Бабиќ во „Уна“, продукција на Звездара театар, ја освои публиката и жирито.
Ова е уште едно големо признание за Ристановски – по наградата на Денови на Зоран Радмиловиќ во Заечар, со што неговата улога во „Уна“ продолжува да остава силен белег на регионалната театарска сцена.
Глумачките свечености „Миливоје Живановиќ“ се годишен театарски фестивал што се одржува во Пожаревац, Србија, во чест на големиот српски актер Миливоје Живановиќ. Манифестацијата е посветена на уметноста на актерската игра и претставува еден од најзначајните настани во српскиот театарски календар.
Деск
Previous ArticleКИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

